Порошенко потпиша уставен амандман за влез на Украина во ЕУ и НАТО

98
ФОТО: EPA / MYKHAILO MARKIV / POOL

Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска го потпиша уставниот амандман со кој се обврзува на влез на државата во НАТО и Европската Унија.

Во обраќањето во Парламентот, Порошенко изјави дека обезбедувањето на членството на Украина во ЕУ и НАТО го гледа како „стратешка мисија“.

Порошенко, кој се кандидира за втор мандат на претседателските избори во март, додаде дека има за цел да поднесе официјално барање за членство во ЕУ до 2023 година, но дека е свесен оти Украина мора „да помине долг пат“ за да ги исполни критериумите на двете институции.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск се обрати во Врховната Рада на Украина на украински јазик и рече дека „нема Европа без Украина“, како и дека ЕУ никогаш нема да ја признае анексијата на Крим од сѕтана на Русија и дека ќе продолжи со санкциите кон Москва.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...