Порошенко побара помош од Германија да ја спречат Русија од понатамошна агресија

139
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Украинскиот претседател Петро Порошено побара помош од Германија и нејзините сојузници за да го зајакнат присуството во Црното Море и да ја спречат, како што рече, Русија од понатамошна агресија.

Порошенко оцени дека е неопходна „силна и единствена реакција на агресивното однесување на Русија“.

Наведе дека Русија поставила голем број војници долж границата со Украина, предупредувајќи дека тие ќе влезат подлабоко во украинската територија.

ФОТО: EPA / JASON SZENES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...