Претседателот во заминување во Украина и новиот шеф на државата, Петро Порошенко и Володимир Зеленски денеска во одделни изјави ја нарекоа Русија окупаторска сила во источна Украина, откако Москва почна постапка за поедноставување на процедурата за добивање руски пасоши.
Претседателот во заминување Порошенко рече дека со акцијата Кремљ го крши меѓународното право, додека новоизбраниот шеф на државата, Зеленски, ја обвини Русија за војна против Украина.
Претходно денеска, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за забрзано решавање на барањата за руско државјанство на Украинци, кои живеат во Донецк и Луганск.
Во декретот објавен на интернет-страницата на Кремљ се вели дека на луѓето кои живеат во делови од Украина, односно регионите Донецк и Луганск, барањата ќе им бидат разгледани за помалку од три месеци.
Путин изјави оти е неприфатливо жителите на украинските региони Донецк и Луганск да немаат права, но и додаде дека Москва не сака да му создава проблеми на новото украинско раководство.
ФОТО: EPA / TATYANA ZENKOVICH