Украинскиот претседател Петро Порошенко синоќа допатува во Белград, во официјална посета на Србија.
Порошенко денеска ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и ќе учествува на бизнис форум со српски и украински стопанственици.
Порошенко ќе има средби и со премиерката Ана Брнабиќ и со спикерката на српскиот Парламент Маја Гојковиќ.