Пораст од 9,8 отсто на индустриското производство

Пораст од 5,5 отсто е забележан и за периодот јануари – август во однос на првите осум месеци лани.

91

Индустриското производство во август бележи пораст од 9,8 отсто во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, пораст е забележан во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 47,9 отсто и во „преработувачката индустрија“ за 4,5 отсто, а опаѓање од 1,4 отсто има во секторот „рударство и вадење камен“.

Според главните индустриски групи, во август пораст има кај „енергија“ за 39,8 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,5 отсто, „капитални производи“ за 14 отсто и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 25,4 отсто, а опаѓање има кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,6 отсто.

Пораст од 5,5 отсто е забележан и за периодот јануари – август во однос на првите осум месеци лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...