Пораст од 5,9 отсто на бројот на работници во индустријата за една година

Бројот на работниците во секторот „рударство и вадење камен“ во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 2,9 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 2,6 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 0,6 отсто.

73

Бројот на работници во индустријата во декември лани во однос на декември претходната година бележи раст од 2,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според статистика растот на бројот на работниците во индустријата во текот на 2018 година во однос на 2017 година изнесува 5,9 отсто.

Бројот на работниците во секторот „рударство и вадење камен“ во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 2,9 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 2,6 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 0,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за три отсто, „капитални производи“ за 16,5 отсто, додека опаѓање бележи кај „енергијата“ за 0,8 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,4 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,3 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...