Поранешн директор на „Тутунски“ Прилеп набавил сомнителен тутун од Индија

МВР на А.Д. му поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ бидејќи со увозот на 110.160 тони тутун предизвикал материјална штета од 15.926.209 ден.

346

Против поранешен генерален директор на на „Тутунски комбинат“ Прилеп,  А.Д. (48), е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ при набавка на 110.160 килограми тутун, со која била предизвикана материјална штета од 15.926.209 ден.

Министерството за внатрешни работи денеска соопштени дека тој во текот на 2013 и 2014 година договорил набавка на 110.160 килограми тутун од индиско потекло и наредил нејзина исплата преку фирмата „Универзал – лиф тобако компани“ без да биде донесена одлука од одборот на директори и без склучување договор за набавка со добавувачот.

И покрај тоа што пред приемот на тутунот, со дегустација на испратените мостри од соодветни лица имало забелешка дека тутунот отстапува од тежината и влагата, според пријавата, пријавениот ја прифатил понудата.

При пристигнување на тутунот била сочинета приемница, а во текот на 2014 година било извршено плаќање кон добавувачот во вкупен износ од 15.926.209 денари.

При извршената ревизија од страна на секторот за внатрешна ревизија за постапката за набавка на тутунот со индиско потекло и ревизија за продажба на режан тутун во 2012, 2013, и 2014 година биле констатирани поголем број забелешки околу набавката на 110.160 килограми тутун во текот на 2013 година, кој се наоѓал во магацините и не бил искористен при извозот на режан тутун за Албанија.

Неискористувањето на предметниот тутун предизвикало поскапување заради негово одржување и пропаѓање поради губење на квалитет со што била предизвикана штета на Комбинатот. Со овие дејствија пријавениот предизвикал материјална штета од 15.926.209 ден, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...