Група поранешни осуденици од српскиот град Крагујевац, по многуте безуспешни обиди да се вработат, почнаа свој сопствен бизнис.
За да си обезбедат себеси работа и за да излезат од маѓепсаниот криминален круг, тие решиле да се здружат и заедно да се борат против предрасудите кон нив, јавуваат локалните медиуми
По отслужувањето на затворските казни, поранешните затвореници во Србија речиси и да немаат никаква можност некој да ги вработи. Луѓето најчесто не сакаат ни да им дадат прилика да се докажат. Душан Мириќ е еден од повратниците кои одлучија прво да основаат здружение „По дождот”, кое им помага на сите оние кои по затворот ќе се најдат на слобода, а потоа, пред извесно време – отворија и пекара.
Во тоа им помогнале родителите на еден од осудениците. Тие им отстапиле свој објект во центарот на градот, за нивниот син, но и другите како него, да можат чесно да работат и заработуваат. Меѓу нив има и еден професионален пекар.
Оваа идеја ја поддржаа бројни институции во градот, меѓу коишто и Правниот факултет. На овој начин им помагаат и на осудениците, но и на државата, така што помала е веројатноста тие да им се вратат на криминалните активности во немоќта да се вработат.