Поранешните телохранители го тужат Џони Деп

Поранешните телохранители на Џони Деп го тужат холивудскиот глумец, тврдејќи дека работеле премногу, а биле премалку платени.

364

Поранешните телохранители на Џони Деп го тужат холивудскиот глумец, тврдејќи дека работеле премногу, а биле премалку платени. Тие наведуваат и дека се чувствувале како негови „дадилки“, со обѕир дека „го чувале и од самиот себе“.

Јуџин Ареола и Миѓел Санчез покренаа тужба против Деп и од него бараат да им исплати пари коишто тој наводно им ги должи. Имено, како што велат, од април 2016 до јануари 2018 година не им е исплаќана прекувремената работа.

Еден од телохранителите вели дека морал да чува и едно од децата на Деп, кое не живеело во куќата на глумецот.

Деп се уште нема коментар за тужбата.

ФОТО: Инсаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...