Поранешниот судански претседател Омар ал-Башир е обвинет за убиство на демонстранти за време на протестите против режимот, кои доведоа до крај на неговото владеење, соопшти канцеларијата на главниот обвинител Ал Валед Сајед Ахмед.
– Омар ал Башир и други беа обвинети за поттикнување и вмешаност во убиството на демонстрантите, се наведува во соопштението.
Обвиненијата против него доаѓаат по истрагата за смртта на еден лекар, кој беше убиен за време на протестите во главниот град.
– Главниот обвинител препорача да се забрза истрагата за убиството на демонстрантите, соопшти неговата канцеларија.