Поранешниот сопруг на италијанската актерка Моника Белучи, францускиот актер Винсент Касел, доби ќерка со 30 години помладата манекенка Тина Канаки (22).
Среќната вест Касел ја сподели на Инстаграм.
Касел напиша: „Се роди Амазонија”, со што 52-годишниот актер го откри името на ќерката.
Двојката се венча лани во агуст, на приватна церемонија во Париз. Заедно се од 2016 година. Живеат во Рио де Жанеиро, Бразил.
По 14 години брак, Касел се разведе од актерката Белучи во 2013 година. Имаат две ќерки-Дев (14) и Леони (8).