Поранешниот претседател на Перу обвинет за корупција, се бара затвор од 20 години

35
ФОТО: МИА

Обвинителите во Перу објавија дека собрале голем број докази кои укажуваат на учество на поранешниот претседател Оланта Хумала во најголем корупциски скандал во Латинска Америка и дека ќе бараат да му се изрече казна затвор од 20 години.

Обвинителот Хермас Хуарес рече дека истражителите собрале околу 1.500 документи кои ги потврдуваат наводите дека Хумала и неговата сопруга Надин Ередиа за време на претседателската кампања примиле повеќе од три милиони долари од бразилскиот градежен гигант „Одебрехт“.

Хумала и Ередиа се под истрага поради наводно учество во корупцискиот скандал „Одебрехт“, кој неколку години е присутен во Перу. На двајцата во 2017 година им беше одреден притвор како превентивна мерка, но беа пуштени следната година.

Сопружниците ги одрекуваат обвиненијата, тврдејќи дека доказите се фалсификувани.

„Олдебрехт“, во договор за признавање вина со американското Министерство за правда, призна дека исплатиле 800 милиони долари мито на високи официјални претставници во регионот, во замена за профитабилни договори за јавни набавки.

Обвинителите го обвинуваат Хумала дека земал пари и од „Одебрехт“ и од илегални рудници во текот на претседателската кампања во 2006 и 2011 година.

Тој изгуби на изборите во 2006 година, но победи во 2011.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...