Пратеникот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) во германскиот Парламент Норберт Ретген ненадејно се кандидираше за претседател на таа партија, откако Анегрет Крамп Карнбауер поднесе оставка минатата недела.
Со својот неочекуван потег, тој стана четвртиот кандидат за лидер на партијата.
Ретген во моментов е шеф на парламентарната комисија за надворешни работи и ја извршуваше функцијата министер за животна средина од 2009 до 2012 година.
Освен него, за местото лидер во ЦДУ конкурираат и Фридрих Мерс, актуелниот министер за здравство Јенс Спан и премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лачет, кој се смета за главен кандидат.
Лидерот на ЦДУ, исто така, веројатно ќе биде кандидат за канцелар.