Белгискиот крал Алберт Втори (85), кој се повлече од престолот во 2013 година во корист на својот син Филип, вечерва призна дека има вонбрачна ќерка, објавија локалните медиуми.
Алберт Втори беше принуден по судски налог да изврши ДНК анализа и да ги објави резултатите.
Постапката беше покрената по барање на Делфин Боел, која тврдеше дека е ќерка на кралот од неговата вонбрачна љубовна врска. Љубовната афера му била позната на белгиското општество долги години, но досега не било јасно дали таа е вистинита.
Со денешното соопштение е потврдено дека од 1967 до 1984 година, Алберт Втори, кој бил принц на Лиеж, имал омажена љубовница, со која во 1968 година му се раѓа дете. Документи докажуваат дека во истиот период тој подготвувал развод со неговата сопруга Фабиола.
Алберт Втори постојано ја посетувал својата вонбрачна ќерка се до неговата 25-годишнина од бракот, кога и ветил на сопругата дека ќе се раздели од љубовницата и десет годишното дете, со што ја спасил брачната заедница.
Од 2001 година кралот ја прекинал врската со ќерката Боел, која во 2013 година поднесе судска постапка за докажување на татковство.