Поранешната сопруга на Чарли Шин е уапсена со полна торба дрога

Брук Мулер со која имаат и двегодишни близнаци е уапсена во недела поради поседување на торба полна со различни видови дрога.

584

Додека нејзиниот поранешен сопруг, Чарли Шин е на пат кон закрепнување и  оттргнување од лошите навики, се чини дека неговата поранешна сопруга Брук Мулер е далеку од тоа.

Некогашната сопруга на Шин, Брук Мулер со која имаат и двегодишни близнаци е уапсена во недела поради поседување на торба полна со различни видови дрога.

Мулер била уапсена додека била на викенд во елитната летна населба Хемптонс, близу Њујорк.

Брук Мулер досега била апсена повеќепати за поседување нелегални супстанции, најчесто кокаин.

Таа, исто така, и неколкупати се лекуваше од зависност од опијати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...