Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, која се наоѓа в затвор, побара привремено да ја ослободат поради здравствени проблеми, изјавија денеска обвинители.
Официјален претставник од Канцеларијата на централниот дистрикт во Сеул изјави дека барањето на Парк наскоро ќе биде разгледано.
Тој побара да не биде именуван, бидејќи правилата на Канцеларијата наложуваат да не се обраќа на медиуми.
Парк отслужува 30-годишна затворска казна откако беше осудена за голем корупциски скандал поради кој е отстранета од функцијата и уапсена во 2017 година.
Кривичниот законик на Јужна Кореја им овозможува на затворениците со сериозни здравствени проблеми да се лекуваат в болници под будно око на обвинителите и да се вратат в затвор по закрепнувањето.
Поранешната претседателка на Јужна Кореја бара привремено да ја ослободат од затвор
loading...