Поранешната девојка на Дикаприо заврши на суд и треба да плати милиони долари

Рафаели поднела жалба до судот во Лод во близина на Тел Авив на одлуката на даночната управа дека таа во тоа време живеела во Израел и должела неплатен данок.

450

Израелскиот супермодел Бар Рафаели ќе мора да плати повеќе милиони долари поради неплатен данок на приход во текот на 2009. и 2010 година кога, како што тврди, живеела во САД со актерот Леондардо Дикаприо, јавуваат израелските медиуми.

Рафаели поднела жалба до судот во Лод во близина на Тел Авив на одлуката на даночната управа дека таа во тоа време живеела во Израел и им должела неплатен данок.

Таа во судот тврдела дека била во сериозна врска во текот на тој период и дека живеела со Дикаприо во САД, како и дека не била жител на Израел.

– Бевме во сериозна врска и тогаш не бев жител на Израел. Не морам да плаќам израелски данок ако парите ги заработувам во друга земја – рекла Рафаели.

Главниот спор настанал околу тоа каде бил „центарот на нејзиниот живот“, во Израел или во странство. Нејзините адвокати најавиле тужба до Врховниот суд.

Во кривичниот случај Рафаели е обвинета дека сокрила повеќе од шест милиони долари приход од 2009. до 2012 година.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...