Поранешен полицаец апсел жени па ги принудувал на секс во замена за слобода!

Митчел во текот на 2017 година ѝ пришол на една жена и ја уапсил, иако за тоа немало причина, ниту пак, имал право на тоа и ја одвел на непознато место.

461

Поранешниот детектив Ендру К. Митчел (55) од Охајо е обвинет дека киднапирал жени, па подоцна ги присилувал на сексуални односи во замена за слобода, наведуваат американските обвинители. Тој е уапсен во понеделникот, пренесува „Њујорк пост“.

Обвинителите наведуваат дека Митчел во текот на 2017 година ѝ пришол на една жена и ја уапсил, иако за тоа немало причина, ниту пак, имал право на тоа и ја одвел на непознато место.

Жртвата таму наводно ја принудил на орален секс во замена за слобода. Митчел и друга жена киднапирал во 2017 година, ја однел на непозната локација и ја присилил на секс додаваат обвинителите. Истата жена повторно ја киднапирал минатото лето и повторно ја принудил на секс.

Неколку американски официјални лица сметаат дека постапките на Мичеч ја нарушиле довербата на граѓаните спрема полициските службеници.

– Полициските службеници се херои, а не предатори – изјавил државниот обвинител Дејв Јост.

„На нашите службеници им е дадена моќ за да ги штитат граѓаните. Но, кога службениците ја злоупотребуваат таа моќ, ќе мора да одговараат за тоа“, пишува во официјалното соопштение на Министерството за правосудство од Охајо.

Митчел е сменет минатата година. Обвинет е и дека се обидел да подмити двајца сведоци и дека се обидел да влијае на сведочењето на една од жртвите на судењето пред федералната порота.

Обвинет е и дека во текот на 2018 година ги лажел агентите на ФБИ во текот на давањето изјава во која навел дека никогаш нема сексуален однос со проститутка. Во седум обвиненија се наведува дека им плаќал на проститутки за секс.

Неговиот адвокат, Марк Колинс, ги отфрла обвинувањата наведувајќи дека неговиот клинет ги негира сите тврдења. Во моментот се наоѓа во притвор, а му се заканува казна доживотен затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...