Поранешен маринец обвинет за шпионажа во Русија

92
ФОТО: EPA EFE / SERGEY VAGANOV

Поранешниот американски маринец Пол Велан е обвинет во Русија за шпионажа и доколку биде осуден, му се заканува казна затвор од 20 години.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека почнала истрага против Велан откако тој беше уапсен во петокот во Москва поради сомнеж за шпионажа, но не ја откри природата на неговите шпионски активности.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон се надева оти наскоро ќе има пристап до Велан и побара негово итно враќање во САД ако се утврди дека е неосновано уапсен.

Велан е поранешен маринец од Мичиген, а неговиот брат изјави дека тој отпатувал во Москва за да присуствува на венчавка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...