Поранешен инженер на Гугл крадел податоци за Убер

Левандовски, кој е пионер во развојот на роботизирани возила, е обвинет по 33 точки од обвинението за кражба на индустриски тајни.

79

Поранешниот инженер на Гугл, Ентони Левандовски, е обвинет за кражба на технологијата на самоуправувачки автомобили од таа компанија, пред да се придружи во обидите на компанијата Убер да се вклучи во трката за развивање на роботизирани возила.

Левандовски, кој е пионер во развојот на роботизирани возила, е обвинет по 33 точки од обвинението за кражба на индустриски тајни.

Неговите адвокати го отфрлаат кривичното дело, тврдејќи дека во обвиненијата се повторуваат наводи кои се решени во граѓанска постапка.

Обвинението кое го покрена американското Државно обвинителство во Сан Хозе во Калифорнија, е дел од тужбата која во 2017 година ја поднесе Вајамо, пионер во развивање на самоуправувачки автомобили, кој потекнува од Гугл.

Убер се согласи да му плати на Вајамо 245 милиони долари со споразумен договор, но сојузниот судија кој го водел случајот дал невообичаена препорака да се отвори кривична истрага.

Компанијата Убер смета дека поседувањето технологија за роботизирани возила е клучно за нејзиното опстојување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...