Пејачката Аријана Гранде им изрази сочуство на своите обожаватели на годишнината од терористичкиот напад кој се случи на нејзин концерт во Манчестер.
– Мислам на сите вас, како денеска, така и секој ден. Ве сакам со цело мое срце, и ви ја испраќам сета моја топлина којашто ја имам на овој тежок ден – напиша таа.
Аријана додава дека сѐ уште тешко го преживува нападот.
– Музиката треба да биде најбезбедното нешто на светот. Тоа ме тишти секој изминат ден, додава таа.
Во бомбашкиот напад на исламист на концертот во Манчестер лани беа убиени 22 лица, а повредени околу 500, од кои повеќето деца.