Пораз на НАТО од Русија поради лоши патишта и бирократија, заклучок на Пентагон

Резултатите од истражувањето укажуваат дека американските тенкови и оклопни возила би заринкале поради тесни патишта и слаби мостови кои не можат да ја издржат нивната тежина.

418

Во случај на воен конфликт со Русија во Европа НАТО ќе претрпи пораз поради лоша патна мрежа и бирократија. До овој заклучок дошле во Пентагон како резултат на симулација на потенцијална војна, објави „Вашинтон пост“.

Како што јави допсиникот на МИА од Вашингтон, резултатите од истражувањето укажуваат дека американските тенкови и оклопни возила би заринкале поради тесни патишта и слаби мостови кои не можат да ја издржат нивната тежина. Тешко би одело и преминувањето на границите на европските земји.

– Во текот на најмалку едни воени вежби на Белата куќа, кога имало симулација на војна со Русија таа покажала дека логистичките тешкотии се причина за пораз на НАТО, објави весникот.

Се вели дека спроведување ефективна одбрана од Русија не е можно бидејќи симулацијата покажала застој.

-Бирократијата заедно со лошо планирање и слаба инфраструктура дава можност на Русија да окупира територија на НАТО во балтичкиот регион, додека воените планери на САД се зафатени со пополнување на 17 формулари неопходни за преминување на границата помеѓу Германија и Полска, истакнува „Вашингтон пост“.

Според информации од Пентагон, американската војска веќе се судрила со слични проблеми за време на воени маневри во Европа. На пример, армијата лани потрошила четири месеци за да ги врати оклопните возила „Страјкер“ од Грузија во Германија, додека „војската во Германија чекала транспорт и оружје“.

-Треба да имаме способност да се движеме исто толку брзо или побрзо од Русија за да станеме ефективна сила за задржување, изјави за весникот Бен Хоџес, поранешен командант на силите на САД во Европа. Според него, САД и НАТО треба да успеат „да соберат доволно капацитет за Русија да не направи ужасна грешка во пресметките“.

Поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Даглас Љут, укажа дека западните земји се уште немаат план за заштита на земјите во Источа Европа од можна офанзива.

-Ние не сметавме дека е можно префрлење на толку значајни сили, но ситуацијата се измени после 2014 година, изјави тој.

Според истражување кое го спровела корпорацијата „Ранд“, на Русија би и требало најмногу 60 часа да ја заземе Рига.

-Балтичките земји се местата каде Русија би можела да го тестира НАТО. Ако тие земји паднат, паѓа цело НАТО, изјава за весниот Валдас Дамбраускас, одговорен за логистика во Министерството за одбрана на Литванија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...