Поради 24-часовен штрајк закотвени бродовите во Грција

44

 Закотвени на пристаништата од 6 часот утрово се сите грчки бродови поради 24-часовниот штрајк на Поморската федерација  на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, причината за штрајкот кој постои опасност да продолжи и во следните денови се колективните договори за екипажите на бродовите.

Од федерацијата бараат зголемување за пет отсто на колективните договори, додека пак од компаниите предложиле зголемување за еден отсто сега и уште еден отсто од први јуни 2019, нешто што не било прифатено од Поморската федерација  на Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...