Јапонската принцеза Ајако се омажи на свечена церемонија во храмот Меији во Токио, пренесува „Дејли мејл“.
Ајако (28), ќерката на царот, завчера се омажи со нејзиниот избраник Кеи Мориј (32), кој работи во компанија за изработка на бродови.
Жената што се мажи во Јапонија за член од царското семејство веднаш станува член од тоа семејство, но онаа жена од царското семејство што се мажи за личност што нема кралско потекло, мора да си замине од царството и од палатата.
Поради ова принцезата Ајако морала да се откаже од титулата, а од државата ќе добие мираз во вредност од 1,3 милиони долари.
Нејзиниот сопружник се надева дека неговата жена лесно ќе се адаптира на обичниот живот.
– Сакам да работиме заедно, рака под рака, да создадеме семејство исполнето со насмевки – вели тој.
Венчавката што се одржала во Токио била традиционална. Ајако облекла кимоно, а фризурата ѝ била во духот на стариот јапонски стил.
Церемонијата била интимна. Околу триесетина пријатели и членови на семејството ја славеле нивната љубов.