Поради нехигиенски услови затворена фабрика за месо во Тирана

Уапсен е Арсим Чудрина (55) од Косово поради сомневање дека со своето возило тргувал со локални трговци и рестораните и во Шенгѓин, без фактури.

99

Фабрика за месо е затвроена во Тирана, при што се запленети 528 килограми месни производи произведени во нехигиенски услови.

Во полициската акција насловена „Rotten meat“ уапсен е жител на Косово, јавија албански медиуми. Уапсен е Арсим Чудрина (55) поради сомневање дека со своето возило тргувал со локални трговци и рестораните и во Шенгѓин, без фактури.

Запелентото месо било опасно по здравјето на потрошувачите.

Месото било користено за производство на брза храна, продавана без фискални сметки, неприкажување профит и затајување данок, наведува албанската полиција.

Косовецот ќе одговара за „прикривање приходи“,„произвоство и продажба на храна и други производи опасни по здравјето“„нелегални вработувања“ и „измама на пазарот“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...