Тој е само обичен човек што работи во паб, а отишол на локалниот банкомат да извади пари. Подигнал 100 евра иако му пишувало дека трансакцијата е откажана. Потоа подигнал уште пари и одеднаш заживеал како милионер.
Ден Сандерс живеел на висока нога откако „измолзел“ голема банка за речиси милион евра.
– Многу работи ми се во магла. Тоа прво ми паѓа напамет. Ме интересираше само забава, пиење, добри вина и запознавање луѓе, само уживање – рекол тој.
Во првата недела потрошил 10.000 евра, а во 4,5 месеци дури половина милион. Сандерс признава дека сето тоа немало да го направи ако не била грешката на банкоматот.
Мислел дека сето тоа ќе трае само седум дена, а не 4,5 месеци, колку што траел богатиот живот.