Поради аферата „селфи“, БиХ испраќа протесна нота до Хрватска

76

Претседателството на БиХ одлучи да упати протесна нота до Хрватска во врска со шпионската афера „селфи“, која дел од медиумите од регионот на Западен Балкан и босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ ја поврзаа со хрватската Безбедносно разузнавачка служба – СОА.

Аферата „селфи“ е поттикната од тврдењата дека агенти на СОА се обиделе да регрутираат граѓани на Босна и Херцеговина поврзани со „радикални структури” за да подметнат оружје во џамиите и на тој начин да докажат оти се точни тврдењата на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ дека Босна и Херцеговина е упориште на илјадници потенцијални терористи.

Директорот на СОА, Даниел Маркиќ ги отфрли обвинувањата, но потврди дека хрватските разузнавачи спроведувале информативни разговори со некои граѓани на Босна и Херцеговина, поради „нивните врски со радикални исламистички структури”.

– Се разбира, СОА разговараше со тие лица, и натаму ќе разговара, бидејќи мораме да го правиме тоа заради нашата и безбедноста на нашите соседи, како и на Европската унија и НАТО – рече Маркиќ во март по избивањето на аферата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...