Популистите губат на локалните избори во Полска

167
ФОТО: DAREK DELMANOWICZ / ЕПА-ЕФЕ

Вчерашниот втор круг на локалните избори во Полска, го потврди поразот на владеачката популистичка партија Право и слобода, особено во големите градови, каде што победа однесоа главно кандидатите на проевропскјата центристичка опозиција предводени од Граѓанската платформа. На ПиС и преостанаа само помалите центри. Откако во првиот круг ја изгубија Варшава, Ооззнањ и Лоѓ, вчера популистите дефинитивно го изгубија и Краков каде што победник е актуелниот долгогодишниот градоначалник Јацек Мајцхровски. Во Гдањска исто така победи опозиционерот Павел Адамович. Ниту еден кандидат на ПиС вчера не добила повеќе од 40% поддршка од избирачите, додека победниците однесоа победа со 64% поддршка.

Во Гдањск, по шести пат победи Павел Адамович, кој изјави дека овој град ќе остане слободен. Во вториот круг Адамович ја имаше и поддршката на партијата на Доналд Туск. Во Краков непартискиот градоначелник Јацек Мајцхаровски го победи противкандидатот од редовите на ПиС, кому во деновите пред изборот силна поддршка му даваше и премиерот Мазовјецски. Една од главните причини за порастот на популистите во Краков беше тоа што не направиле ништо во борбата против смогот и загадувањето. Нов градопначелник на Киелце е Богдан Вента, еден од најдобрите полски ракометари и бивш селектор на репрезентацијата. Тој исто така беше кандидат на опозицијата.

Полјаците вчера бираа градоначалници во 649 градови и општини во кои одлуката не беше донесена во првиот круг на 21 октомври. Резултатите на локалните избори јд потврдија длабоката поделеност на Полска помеѓу градовите, либерални упоришта на опозицијата, и конзервативните селски области кои се наклонети на владеачката партија наспроти нејзиниот константен судир со Европската унија, а и обвинувањата дека авторитарно управува со земјата.

Овие локални избори беа и своевиден тест на расположението на полските избирачи во прерсрет на изборите за Европскиоот парламент во мај, како и парламентарните избори наесен 2019 и претседателските избори напролет 2020 година. Со поддршката на овие избори, владеачката партија не е без шанси догодина да остане на власт, но речиси е сигурно дека нема да има квалификувано мнозинство, неопходно за промени на уставот, кон што сега тежнее полскиот државен врв.

ФОТО: DAREK DELMANOWICZ / ЕПА-ЕФЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...