Поповска и Морачанин со закана до рудниците: Ако сакате општа забрана за цијаниди ќе ја поднесеме старата верзија на законот!

Исклучок во законот се концесиите на веќе постојните рудници, значи на оние неколку што се веќе отворени и работат.

533

Ако сакате општа забрана за цијаниди и сулфурна киселина во сите процеси на детални геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини, веднаш ја поднесуваме старата верзија на законот, одговорија пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин  на најавата на Асоцијацијата на рудниците дека  ќе го оспорат донесениот Закон за минерални суровини на Уставен суд.

– Тоа е онаа истата, која ја оспоривте како асоцијација, извршивте притисок врз институциите и го заглавивте законот цела година! Тоа беше причина како предлагачи на законот да прифатиме амандман од собраниската комисија за економија, со кој забраната е ограничена на површинските рудници. А токму рудниците со отворен коп се најопасните што се користат за сиромашни површински руди во земји со ниски еколошки стандарди, или со огромни пусти површини, далеку од населени места. Во Македонија таквите отровни инвестиции се непожелни! Впрочем, во сите земји каде што постои забрана во рударството, се однесува токму на рудници со површински коп, а се работи за земји од ЕУ, држави во САД и други, каде виделе мака од ваквите рани во природата – стои во реакцијата на пратеничките од ДОМ.

Пратеничките во реакцијата им дообјаснуваат на екологистите од Струмица околку тоа за кои рудници се однесува законот.

– Исклучок во законот се концесиите на веќе постојните рудници, значи на оние неколку што се веќе отворени и работат. Иловица е рудник во најава, на хартија, против чие отворање се бориме сите екологисти во Македонија и тука нема отстапување! Да биде јасно, законот важи и за Иловица – стои во рекацијата на претеничкичките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...