Поплавата во Мериленд целосно го уништи Еликот Сити, град на околу 20 километри западно од Балтимор, јавуваат американски медиуми.
Градот вчера го погоди дожд кој предизвикал катастрофална поплава. Реката Патапско пораснала 5.5 метри за само два часа и достигнала рекордно ниво на вода од 7.3 метри.
– Нема зборови со кои би можело да се опише оваа катастрофа – изјавил службеникот Хауард Китлеман, пренесува хрватски Индекс.
Жителите и сопствениците на објектите се евакуирани.