Пониски цени на горивата од полноќ

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

229

За еден денар се намалува цената на „еуросупер БС-98“, дизелот и на екстра
лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на „еуросупер БС-95“, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-98“ ќе биде 70 денари за литар, на дизелот 62 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 51,50 денари за литар. Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе биде 68 денари за литар.

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 дененари за килограм со што тој ќе се продава по цена од 33,779 денари за килограм.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...