Помпео: Трамп е посветен на подобрување на односите со Русија

38
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Претседателот Доналд Трамп е посветен на подобрување на односите со Русија, рече денеска  американскиот државен секретар Мајк Помпео на средбата со рускиот колега Сергеј Лавров во Сочи.

Помпео додаде дека двете земји не мора да се согласуваат за сѐ, туку дека има простор за соработка, особено во областа на антитероризмот и борбата против нуклеарното оружје.

Лавров рече дека е време Русија и САД да почнат да работат заедно на нов и конструктивен начин.

Во пресрет на разговорите, тој истакна дека постои сомнеж околу врските меѓу двете земји, но дека се надева на конструктивен дијалог.

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...