Државниот секретар на САД Мајк Помпео денеска се обрати пред Советот за безбедност на ОН на брифинг за Северна Кореја, но во обраќањето говореше и за самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин, и ги поздрави претстојните разговори на Трамп и Путин во Вашингтон најавени за есен.
-Среќен сум што двајца лидери на две многу важни земји продолжуваат да се состануваат – порача Помпео.
Тој наведе дека Трамп и Путин на самитот одржан во понеделникот во Хелскинки разговарале за решавање на кризата во Сирија и вражање на бегалците, кои побегнаа од војната во разрушената држава.
– Важно е за свет дека во соодветен момент по пат на доброволен механизам овие бегалци ќе имаат прилика да се вратат во својата држава – рече шефот на Стејт департментот.
Помпео, зборувајќи за Северна Кореја, оцени дека Советот за безбедност на ОН е обединет во потрагата по конечна, потврдена денуклеаризација на таа држава и дека целосната имплементација на економските санкции е клучна за елиминирање на нуклеарното оружје од таа земја.
Покрај Помпео во текот на брифингот за историскиот самит на Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и за дијалогот меѓу Сеул и Пјонгјанг, пред Советот за безбедност се обрати и министерката за надворешни работи на Јужно Кореја, Канг Кјунг-ва.