Помпео: Средбата со јужнокорејскиот шеф на дипломатијата беше позитивна

100
Photo: EPA-EFE / JIM LO SCALZO

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека неговиот состанок со севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг-хо бил „многу позитивен“.

Помпео тоа го напиша на Твитер по состанокот со Ри во ГС на ОН со коментар дека „останува уште многу работа“.

Средбата е во момент додека во тек се преговори за вториот состанок на американскиот и севернокорејскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун. Ким минатата недела вети денуклеаризација на самит со јужнокорејскиот претседател во Пјонгјанг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...