Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 7. мај ќе го посети Берлин, при што е предвидено да се сретне со германската канцеларка, Ангела Меркел, и министерот за надворешни работи, Хајко Мас, соопшти Стејт департментот.
Како што се наведува во соопштението од Стејт департментот, Помпео на средбите со Меркел и Мас ќе разговара за прашања од заеднички интерес, како што е Западен Балкан, Украина, Русија, Кина и Сирија.
Помпео од 5. .до 9 мај покрај Берлин, ќе престојува и во финскиот град Рованиеми, каде на 6. и 7. мај се одржува министерска средба на Арктичкиот совет, потоа ќе го посети Лондон и Нук, главниот и најголем град на данската територија Гренланд.