Помпео: САД се загрижени поради одлуката на Анкара за купување руски ракетен систем С-400

133

Американскиот државен секретар Мајк Помпео му пренесе на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу дека САД се многу загрижени поради одлуката на Анкара да купи руски ракетен систем С-400, кој не е компатибилен со одбраната на НАТО.

– Секретарот ја истакна сериозноста на американската загриженост доколку тие (Турција) го сторат тоа, изјави висок претставник на САД по состанокот на Помпео и Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.

Помпео побара од Чавушоглу Турција „внимателно ќе ги разгледа“ таквите системи кои се кохерентни со НАТО-системите.

Чавушоглу по состанокот изјави дека набавката на С-400 е завршен договор, но дека Турција е отворена за купување други одбранбени системи од своите сојузници.

Турција потпиша договор со Русија кон крајот на декември за ракетен систем С-400 со вредност од 200 милијарди американски долари, чија цел е да ја зајакне својата одбранбена моќ од заканите од Курдите и исламските екстремисти во Турција, како и поради конфликтите на границите со Сирија и Ирак.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...