Помпео: САД разгледуваат различни можности како да и помогнат на Турција во Идлиб

88

САД разговараат со Турција и разгледуваат различни можности како да и помогнат на оваа земја околу ситуацијата во сириската провинција Идлиб, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Ние сме крај нашиот сојузник, членка на НАТО, после бескрупулозниот и дрзок напад врз турските сили во Идлиб, во кој загинаа 33 војници – наведе Помпео во соопштението, изразувајќи сочуство до турската Влада.

Тој соопшти дека САД најостро го осудуваат нападот и дека „режимот на сирискиот претседател Асад, Русија, Иран и Хезболах мораат да ги прекинат нападите врз Идлиб“, пренесуваат агенциите.

Помпео оцени дека „нивните акциии директно го спречуваат воспоставувањето на примирјето на северот од Сирија“.

– САД соработуваат со Турција и разгледуваат опции за помош на оваа земја во борбата против таа агресија, додека се обидуваме да спречиме натамошна бруталност на режимот на САД и Русија и ги намалиме хуманитарните последици во Идлиб – наведе Помпео.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...