Помпео: САД подготвуваат „низа активности” против Венецуела

71

САД подготвуваат „серија активноси“ за наредните денови за да го зајакнат притисокот врз владата на Венецуела, изјави за Фокс њуз државниот секретар на САД Мајк Помпео.

– Ќе видите во наредните денови серија потези кои продолжуваат да го зголемуваат степенот на притисок против венецуелското раководство, кое директно работи против интересите на народот на Венецуела – изјави Помпео.

– Ние и натаму сме одлучни да обезбедиме дека Венецуелците ќе го добијат правото на глас – изјави тој.

Помпео не соопшти повеќе детали за природата на планираните активности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...