Помпео: САД му помогнаа на Киев во борба против корупцијата и против Русија

Истрагата за импичмент на претседателотт на САД започна откако од телефонски разговор помеѓу двата претседарели ова лето се дозна дека Трамп наводно условил 400 милиони долари воена помоша за Украина со барање Зеленски да искаже јавни заложби дека истражува коруптивни бизнис активноси на неговиот политички опонент Џо Бајден.

67
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

САД даваат помош на Украина да се бори против корупцијата и оружје за да „војува против Русите“, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во интервју за ТВ каналот „Даблју-Си-Ес-Си“.

Тој ја коментираше и процедурата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп и политиката на САД кон Украина.

– Јас бев дел од американската политика во однос на Украина и бевме целосно јасни. Сакавме да ја намалиме корупцијата, со која земјата беше зафатена ужасно долго време, и успеавме во тоа со помош на (украинскиот претседател Володомир) Зеленски, кој има можност тоа да го направи. Претседателот Трамп сакаше да се осигура дека Владимир Путин нема да биде во можност да наштети на украинскиот народ – изјави Помпео.

Тој додаде дека затоа САД испорачале одбранбени оружени системи на народот на Украина, истакнувајќи дека претходната администрација, не успеала во тоа.

– Ние одлучивме да им дадеме вистинснко оружје за да можат да војуваат протв Русите. Горд сум за тоа како се води политиката на Администрацијата спрема Украина – истакна Помпео.

Истрагата за импичмент на претседателотт на САД започна откако од телефонски разговор помеѓу двата претседарели ова лето се дозна дека Трамп наводно условил 400 милиони долари воена помоша за Украина со барање Зеленски да искаже јавни заложби дека истражува коруптивни бизнис активноси на неговиот политички опонент Џо Бајден.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...