Помпео: САД го раскинува Договорот за пријателство со Иран

102
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД го раскинуваат Договорот за пријателство и екононмска соработка со Иран.

– Ве известувам дека САД го раскинуваат Договорот за пријателство со Иран, што е потпишан во 1955 година. Ова е одлука која созреа уште пред 39 години – наведе Помпео, додавајќи дека Техеран претставува закана за американската мисија во Ирак.

Претходно, Меѓународниот суд на Обединети нации усвои прелиминарна пресуда, за обновените американски санкции против Техеран. Прелиминарната пресуда делумно е во корист на Иран, а според Помпео одлуката на Судот е неоснована.

– Иран се обидува да се меша во сувреното право на САД да презема законски и неопходни дејствија за заштита на сопствената национална безбедност. Иран го користи Меѓународниот суд на правдата во политички и пропагандни цели – наведе Помпео.

Во 2015 година Иран потпиша мултилатерален договор со шестте светски сили, според кој Техеран требаше да ја прекине својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите. Но, во мај американскиот претсадетел Доналд Трамп објави дека САД се повлекуваат од Договорот и оти ќе воведе санкции кон Иран. Поради тоа Иран во јули поднесе тужба против САД пред Судот на ОН.

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...