Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигна во Северна Кореја, за да ги договори деталите за укинување на нуклеарната програма.
Помпео веќе се сретна со севернокорејскиот функционер Ким Јонг-чол, со кого ја организираше средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур.
Помпео во Северна Кореја ќе остане ден и половина. Тој првпат ќе преспие во земјата.
– Претседателот (Трамп) ми кажа оти верува дека лидерот Ким гледа разлика, посветла иднина за народот на Северна Кореја. Двајцата се надеваме дека тоа е вистина, Се радувам што продолжуваат средбите со севернокорејските лидери. Пред нас има многу тешка работа, но мирот е повреден од сите напори, напиша Помпео на Твитер по пристигнувањето во Сееврна Кореја.
САД очекуваат Северна Кореја детално да ја претстави својата програма за збогатување на ураниум и производство на атомско оружје, како и да објасни како планира да ги уништи. Уште како директор на ЦИА, Помпео ја посети Северна Кореја и ги иницираше разговорите со Ким за негово разоружување.
По оваа средба, Помпео ќе ја посети Јапонија, за да ги запознае јапонските и јужнокорејските власти за текот на разговорите со Ким