Помпео пред средбата со Путин: За нешто ќе се согласиме, за нешто не

63
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави порака на Твитер пред денешната средба во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, наведувајќи дека одговорност на функционерите на двете земји „во национален интерес, е да пронајдат начин да се оди напред“.

„Моите состаноци во Русија ќе истакнат неколку важни теми. За некои прашања можеме да се согласиме, за некои не, но кога се во прашање националните интереси на земјите, наша е одговорноста да најдеме начин да одиме напред“, напиша Помпео на Твитер.

Ова е прва посета на Помпео на Русија во својство на шеф на Стејт департментот.

Во интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си во текот на викендот, Помпео изјави дека планира да разговара со Путин и Лавров за ситуацијата во Венецуела и оти ќе настојува да најдат заеднички став за прашањата за Сирија и за Авганистан

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...