На повидок е криза на американско-мексиканската граница, изјави денеска државниот секретар на САД, Мајк Помпео, за време на посетата на Мексико Сити.
Станува збор за неколку илјади мигранти од Хондурас, кои се подготвуваат прво да влезат во Мексико, а потоа да се упатат кон САД.
– Претседателот Трамп јасно го опиша основниот проблем со кој се соочуваме. Набргу ќе имаме криза со рекорден број мигранти. Таа ќе има огромни последици за епидемијата (од употреба) на дрога во САД, изјави Помпео на заедничката прес-конференција со мексиканскиот министер за надворешни работи Луис Видегарај.