Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика земјите-членки од коалицијата што се бори против терористичката „Исламска држава“ да ги прифатат заробените џихадисти и да го зајакнат финансирањето за да помогнат во обновата на делови од Ирак и Сирија.
Говорејќи на отворањето на состанокот во Вашингтон со министрите за надворешни работи од земјите од меѓународната коалиција кои се борат против ИД, Помпео, исто така, укажа на растечката загриженост поради заканата од оваа терористичка организација и надвор од Ирак и Сирија.
Тој рече дека коалицијата треба да се фокусира на западна Африка и регионот Сахел.