Државниот секретар на САД Мајк Помпео ги повика денеска Палестинците и Израелците да го обноват политичкиот ангажман, а за неодамнешното насилство во Појасот Газа рече оти верува дека Израел има право да се брани.
Помпео тоа го порача на заедничката прес- конференцијата со министерот за надворешни работи на Јордан Ајман Сафади.
Шефот на Стејт департментот наведе дека САД „совршено се согласуваат“ со Јордан по прашањето за Сирија, вклучувајќи и зачувување на „зоната на деескалација“ на југот на таа земја.
ФОТО: EPA-EFE/STR