Помпео: Враќање на останките на американските војници во наредните недели

112

Посмртните останки на загинатите американски војници наредните недели ќе бидат доставени од Северна Кореја во САД, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео.

Враќањето на останките на војниците убиени во Корејската војна 1950- 53, е еден од договорите, кои на самитот на 12 јуни ги постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и сверенокорејскиот лидер Ким Џонг – ун во Сингапур.

Повеќе од илјада војници се водат како исчезнати во Корејската војна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...