Помпео бара Ријад да ги казни убијците на Кашоги

34
ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Американскиот државен секретар Мајк Помпео побара од властите во Ријад да ги казнат сите одговорни за убиството на суадискиот новинар Џамал Кашоги.

Помпео, кој синоќа допатува во Ријад во рамки на неговата турнеја низ државите сојузнички на САД на Блискиот Исток, денеска треба да се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој во повеќе извештаи беше посочуван како наредбодавач на убиството на Кашоги.

Помпео во Ријад допатува од Доха, каде изјави дека со саудиските официјални претставници ќе разговара за убиството на Кашоги, со цел да бидат казнети сите одговорни за тоа злосторство.

Кашоги, кој беше новинар на „Вашингтон Пост“ познат по своите критички текстови кон властите во Ријад, беше убиен на 2 октомври минатата година во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

На 3 јануари годинава во Саудиска Арабија почна судски процес против 11 лица осомничени за убиствоот на Кашоги.

ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...