Помпео: Асад во мај користел хемиско оружје

57
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави  дека САД дошле до заклучок дека сирискиот претседател Башар ал Асад користел хлор како хемиско оружје, за време на битката со бунтовниците во Идлиб во мај.

– Режимот на Асад е одговорен за безброј ѕверства, од кои некои се на ниво на воени злосторства и злосторства против човештвото, рече Помпео на прес-конференција во Њујорк, каде присуствува на заседавањето на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп бил многу енергичен во одбраната на светот од хемиско оружје, но одби да каже каков би можел да биде одговорот на Вашингтон.

Администрацијата на Трамп двапати ја бомбардираше Сирија под сомнение дека Асад користел употреба на хемиско оружје, и тоа во април 2017 и април 2018 година.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...