Пијанистката Дуња Иванова, вечерва, во Музејот на Македонија ќе го изведе пијано перформансот „Помалку е повеќе“.
Перформансот е дел од манифестацијата „Нов културен бран“, а во него, како што најавува Иванова, ќе доминира минималистичкиот звук за пијано на автори кои првпат ќе прозвучат кај нас.
Давид Федел (Австралија), Микаел Сапин (Шпанија) и Бианка Бан (Хрватска), се композитори од средната генерација кои, според Иванова, нудат исклучително софистициран звук за пијано.
„Помалку е повеќе“ ќе биде проследен со неколку видео проекции, а за слушателите ќе обезбеди амбиент за „будно сонување“.