На денешните протести на Жолтите елеци, кои беа 20 по ред, на улиците на француските градови излегоа значително помалку демонстранти од претходните недели.
Помали судири се регистрирани во Бордо, каде полицијата употреби солзавец против демонстрантите.
Протести имаше во Париз, во Сент Етијен, во Тулуз, во Марсеј, во Руен, во Рену, во Кану, во Ница, во Стразбур и во уште неколку помали градови.
Полицијата приведе вкупно 27 демонстранти.
Во Париз поради немирите од претходните протести во сила е забрана за собири во близина на Триумфалната капија, на Елисејските полиња и околу Националното собрание. Во главниот град на Франција протестираа околу 2.000 луѓе.